Ранетиот шетач на кучињата на Леди Гага се огласи од болничкиот кревет: „Ангел прелета и легна покрај мене“

„Додека автомобилот заминуваше и од мојата прострелна рана течеше крв…“

Минатата недела, двајца сторители ги киднапирале двата француски булдога на Леди Гага, Коџи и Густав, и со четири истрели го раниле нивниот шетач Рајан Фишер.

Популарната пејачка понуди половина милион долари на секого што ќе ги врати нејзините кучиња, а кучињата биле пронајдени неколку дена подоцна.

Несреќниот Рајан се огласи на Инстаграм од болницата каде што закрепнува од повредите.

Пред четири дена, додека автомобилот заминуваше и од мојата прострелна рана течеше крв, ангел премина и легна покрај мене. Тој ги смири моите панични врескања додека го гледав, иако сфатив дека крвта во која лежеше беше моја”, напиша Рајан во објавата покрај фотографијата на која лежи во болнички кревет. „Ја гушнав Азија колку што можев, ѝ се заблагодарив за сите неверојатни авантури низ кои поминавме, ѝ се извинив што не можев да ги одбранам нејзините браќа и потоа заклучив дека сепак ќе се обидам да ги спасам … и себеси“, додаде Рајан, зборувајќи за третото куче на Леди Гага, Азија, кого успеал да го одбрани од киднаперите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valley of the Dogs (@valleyofthedogs)

Тој, исто така, им се заблагодари на сите што се грижеле за него за време на закрепнувањето, на болничарите кои први дошле на местото на повредата, на семејството и на Леди Гага.

Вашите бебиња се вратија, а семејството е целосно … Ние го сторивме тоа! Вие покажавте огромна поддршка кон моето семејство и кон мене во текот на целата оваа криза. Те сакам и благодарам”, напишал Рајан за Гага, која во моментов е во Рим на снимање.

Фото: Инстаграм

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.