Ракометарот Игор Карачиќ се ожени со ОВАА убава струмичанка: Романтичната венчавка во Мостар изгледаше ВАКА! (ФОТО)
Официјално Македонски зет!
Хрватскиот репрезентативец и поранешен ракометар на РК „Вардар“, популарниот Игор Карачиќ, вчера и се заколна на вечна љубов на својата долгогодишна девојка, струмичанката Душица Андоновска, која по професија е архитект.
Романтичната венчавка во присуство на 200 најблиски роднини и пријатели се случи вчера во една преубава летна градина во Мостар. Гостите ги забавуваа нашиот Драган Темелков -Џони,кој специјално за двојката допатува од Скопје, и девојката со ангелски глас, талентираната Босанка – Илма Карахмет.
View this post on Instagram
Карачиќ ја побара Душица за жена за време на пандемијата, а таа тогаш изјавуваше дека најмалку очекувала прстен во тој хаос. Тие двајца својата љубовна приказна ја започнале во Скопје, но малкумина знаат дека прво биле најдобри другари и постојано биле заедно, пред да се разгорат љубовните искри.
View this post on Instagram
View this post on Instagram