Рафаел Надал сепак се жени: Детали од венчавката

Неодамна, странските медиуми пренесоа дека Рафаел Надал ќе се ожени во јуни со долгогодишната девојка Марија Франсиска Перелјо.

Наводно, извор близок на тенисерот открил дека двојката ја закажала свадбата веднаш по Ролан Гарос.

Јас веќе не сакам да се вплеткувам во овој циркус. Слушнав дека ќе се женам во јуни? Поим немам од каде им е на луѓето таа приказна“, изјавил Надал за „Ас“.

Сега шпанските медиуми брујат дека венчавката е сепак блиску.

Имено, Надал и неговата девојка, со која е во врска 14 години, конечно закажале венчавка.

Популарниот тенисер ќе стапне на лудиот камен на 19 октомври на Мајорка и тоа во прекрасното гратче Поленса. Целиот комплекс поседува огромни површини со трева, базени, приватни соби, како и хелиодром.

На свадбата ќе присуствуваат 500 гости, а меѓу нив и шпанскиот крал Хуан Карлос.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.