Пукна тиквата: Цеца Ражнатовиќ го оставила Богдан?! Пејачката ги избришала сите заеднички слики од Инстаграм!

Крај на врската?

Светлана Цеца Ражнатовиќ ѝ признала на јавноста дека е во врска со Богдан Срејовиќ, 9 години помлад бизнисмен, но судејќи според коментарите на фановите, на романсата ѝ дошол крајот

Фолк-ѕвездата на почеток од месецот ја објави првата „официјална“ фотографија со новиот партнер Богдан Срејовиќ, со кого е во врска од јануари оваа година.

Цеца пред неколку дена објави фотографии на кои се прегрнува со момчето, но нив повеќе ги нема на нејзиниот официјален инстаграм-профил.

Некои следбеници се прашуваат дали на врската ѝ дошол крајот, бидејќи на профилот на Богдан, Цеца и понатаму се смешка на заедничката фотографија од зимување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Srejovic (@bogdansrejovic)

Инаку, Богдан веќе долги години се занимава со угостителство и многу е успешен во својата работа. Има ќерка Искра, со која е многу поврзан, а бил во брак со Зорана Тасовац, сегашната девојка на пејачот Саша Ковачевиќ.

Цеца и Богдан се запознале на прослава на роденден на заеднички пријател.

Цеца го запознала Богдан со децата Анастасија и Вељко. Тоа се случило на дочекот на Нова година, на 31 декември, кога угостителот првпат дошол во домот на пејачката на Дедиње. Балканската ѕвезда на своите наследници прво им соопштила дека не е повеќе сама и дека има нова љубов со која сака да ужива.

„Знам дека ти е тешко, еве ти 6 милиони долари!“ – Цеца Ражнатовиќ откри за што копнее!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.