Психичко растројство, јавни испади и губење старателство над децата: Совршениот живот на пејачката се претворил во пекол!

Неверојатна приказна

Нејзината животна приказна е повеќе од бурна – за само еден миг животот како од бајка се претворил во ноќен кошмар

Цели 30 дена поминала во установи за ментално здравје откако уште еднаш ѝ се влошила здравствената состојба. Сепак, некои и понатаму веруваат во теориите на заговор и сметаат дека Бритни Спирс била присилно хоспитализирана.

„Има многу одлуки што други ги донесоа во мое име, без мое знаење и дозвола. Мојот живот отсекогаш беше под контрола на разни луѓе, кои едноставно не ми дозволуваа да бидам тоа што сум. Како што веќе кажав, бев изгубена и не знаев што да правам. Единственото нешто што отсекогаш сум го сакала е да им угодам на сите околу себе. Денес, кога ќе го погледнам минатото, помислувам: ’Добро, што не беше во ред со мене, зошто го правев тоа?’“

Изјавила во една пригода Бритни Спирс, поп ѕвездата, која стекнала слава во тинејџерските години, како 16-годишничка, која пред очите на јавноста поминувала низ сѐ – од најголеми успеси, преку разводи, губење старателство над децата, па сѐ до јавни нервни сломови, по кои завршила во болница.

Од нејзината приказна многу е јасно дека таа била најголемата жртва, а и сѐ уште е, во 38-та година од животот, бидејќи сѐ што има што создала сама сега се наоѓа во рацете на нејзиниот татко, кого судот, поради сѐ што се случувало, го прогласил за нејзин старател.

Родена е во 1981 година во Мисисипи, како средно дете на Ирена и Џејмс. Растела со братот Брајан и сестрата Џејми Лин.

https://www.instagram.com/p/BsOGMGIAXLe/?utm_source=ig_embed

Својата љубов кон музиката ја покажала уште на три години, кога мајка ѝ ја запишала на часови по танц. Таа покажала невиден талент, па набрзо почнала да изведува и соло-точки, а првиот пејачки настап го имала на 5 години на една приредба.

Со оглед на тоа што родителите забележале дека има невиден потенцијал, ја форсирале да запише часови по гимнастика, пеење и да продолжи со часови по танц. Учествувала на неколку музички натпревари, каде што победувала.

Кога имала 8 години, со мајка ѝ отишла во Атланта на тогаш популарниот натпревар за телевизиската емисија The Mickey Mouse Club. Иако била одбиена, бидејќи била премлада, нејзиниот талент го забележала Ненси Карсон, ловец на таленти и предложила да се запише во уметничко школо во Њујорк, а Бритни тоа и го направила.

Првата шанса ја добила во мјузиклот Ruthless!, а почнала да се појавува и во многубројни реклами. Во 1992 година повторно отишла на аудиција за The Mickey Mouse Club и овој пат била примена. Откако четири години подоцна снимањето било откажано, се вратила во Мисисипи.

https://www.instagram.com/p/BpW37qJg4DL/?utm_source=ig_embed

Една година не ѝ се случувало ништо значајно, но таа постојано работела на својот глас.

Во 1997 семејството на Бритни Спирс започнало преговори со музичарот Лу Перлман. По неколку одбивања, потпишала голем договор, а во 1999 година бил пуштен во продажба нејзиниот прв албум, кој постигнал голем успех.

https://www.instagram.com/p/Bn_8cWnAFLU/?utm_source=ig_embed

Само три месеца по излегувањето на албумот Бритни се сликала за насловната страница на Rolling Stone, на која лежи на кревет облечена само во градник. Поради оваа постапка, предизвикала револт кај многумина.

Во меѓувреме започнала врска со Џастин Тимберлејк, која траела три години и која завршила прилично лошо. Наводно, песната и спотот за Cry Me A River, пејачот ѝ ги посветил на својата бивша, која му била неверна.

https://www.instagram.com/p/CB3Cc8wiTN4/?utm_source=ig_embed

И покрај сѐ, успехот ѝ бил загарантиран. Хитовите, како и албумите, само се нижеле, на турнеите не им се знаел бројот, а потоа се случила 2006, кога сѐ тргнало наопаку и кога нејзиниот совршен живот се претворил во кошмар – се омажила, па се развела, станала мајка, психичкото здравје ѝ се нарушило, поради што завршила на рехабилитација, а потоа го доживеала и првиот нервен слом во јавност.

Прво во 2004 година се омажила за својот пријател од детството Џејсон во Лас Вегас, но само 55 часа подоцна, сфатила дека тоа било грешка и бракот бил поништен.

Набрзо потоа, запловила во врска со танчарот Кевин Федерлин, кој воедно бил пријател на нејзиниот бивш Џастин Тимберлејк, а многумина тврделе дека тоа е само нејзина одмазда.

https://www.instagram.com/p/B-BdJadlFEh/?utm_source=ig_embed

Во секој случај, Кевин ја оставил тогашната девојка, бремена со нивното второ дете, само за да биде со Бритни. Набрзо се свршиле, а потоа и се венчале на 18 септември, 2004 година.

Во 2005 година било објавено дека го чекаат нивното прво дете. Нивниот приватен живот се одвивал пред очите на јавноста, благодарение на реалното шоу Britney and Kevin: Chaotic. Кога нивниот син имал само неколку месеци, бегајќи од папараците, поп-пејачката го ставила во скут и го удрила автомобилот, поради што била ангажирана социјалната служба. На свет набрзо дошол и вториот син.

Семејната идила траела само два месеца, кога пејачката открила дека поднела барање за развод, наведувајќи ги огромните разлики како причина за крај на бракот.

„Мислам дека се омажив од погрешни причини. Наместо да го следам своето срце и да го правам она што навистина ме усреќува, го направив тоа, не знам, веројатно другите го сакаа тоа.“

Парот се нашол во ужасна бракоразводна парница, а Бритни нашла утеха во ноќните излегувања и дружења со Парис Хилтон.

Во меѓувреме, се пријавила во рехабилитациски центар, но поради нејзиното однесување, старателството му припаднало на нејзиниот поранешен сопруг. Покрај старателството, тој целосно ѝ забранил да ги гледа синовите. Сето тоа довело до голем јавен скандал за кој се зборува и ден денес. Таа отишла во блискиот фризерски салон и пред собраните папараци си ја избричила главата.

https://www.instagram.com/p/2_0UF2TVhW/?utm_source=ig_embed

„Кога ја избричи главата, тоа беше нејзин начин да расчисти со минатото. Сметаше дека сѐ што прави во животот, го прави затоа што некој друг го сака тоа. Во нејзината глава ѝ беше јасно дека луѓето од самиот почеток ѝ говореа што треба да каже, да облече, како да се однесува. Се чувствуваше како кукла. Бричењето на главата беше нејзин начин да каже дека ѝ е доста, чин со кој сакаше да стави до знаење дека не сака никој повеќе да ја контролира“, рекол тогаш извор близок на пејачката.

Новиот нервен слом се случил во 2008 година, кога не му ги вратила децата на поранешниот сопруг. Во тој момент, била затворена во болница и станала жртва на борбата помеѓу нејзините родители и тогашниот менаџер Сем Луфти. Имено, нејзините родители сметале дека Луфти има лошо влијание врз нивната ќерка. Таткото тогаш побарал помош од судот, кој пресудил во негова корист и тој станал законски старател на Бритни, иако таа одамна станала полнолетна.

Дуро во 2010 година, работите почнале да одат кон подобро за неа. Љубовта ја нашла кај својот агент Џејсон Травик. Поради љубовта, тие одлучиле да ја прекинат професионалната соработка, а една година подоцна се свршиле, но и оваа љубов траела кратко, па во 2013 година ставиле точка на врската.

Многумина не верувале дека пропаднатата поп-принцеза ќе се врати на врвот, но тоа нејзе ѝ пошло од рака. Во интервју за Marie Claire во 2016 година признала дека во минатото поминувала низ тешки периоди и дека мајчинството ѝ помогнало да излезе од сето тоа посилна од кога било претходно.

https://www.instagram.com/p/CBwg1LugGKK/?utm_source=ig_embed

И покрај сѐ што ѝ се случило, и денес верува во љубов, а својата сигурност ја пронашла кај Сем Ашгари, со кого моментално е во врска. Времето ќе покаже дали конечно ќе потрае оваа нејзина љубовна врска.

По критиките од јавноста, Бритни Спирс испрати трогателна порака: „Ова е малтретирање!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.