Прво интервју: Богдана конечно ја откри вистината за Вељко и нивниот брак, еве каков е тој навистина

Богдана Ражнатовиќ го даде своето прво интервју.

Во 13-тата епизода на „Цеца-шоу“, гледачите првпат ќе ги слушнат сите детали од животот на Богдана Ражнатовиќ.

Иако Богдана Ражнатовиќ никогаш не се експонира во јавноста, во новата, 13-та епизода на „Цеца-шоу“ открива се’ за бракот со Вељко, синот Жељко, за бременоста и за професионалната кошаркарска кариера.

Запознавањето со Вељко, како што вели Богдана, било многу интересно.

Запознавањето со Вељко беше уникатно од самиот почеток, што доведе до неверојатна поврзаност и на крајот до создавање на семејство што е голем благослов за нас. Се’ започна со тоа што го одбив, бидејќи знаев каков е. Тоа само разбуди поголема желба кај него за мене, а подоцна прерасна во голема љубов – вели Богдана.

Таа истакнува дека ништо не ја нервира кај Вељко и дека нивната љубов не стивнува.

Најмногу го сакам мојот сопруг и ништо не ми пречи. Вељко е внимателен, нежен и навистина сакам се’ кај него. Живеам многу убав и мирен живот, се исполнив како сопруга и мајка – вели Богдана Ражнатовиќ.

Богдана открива каков е нивниот син Жељко по карактер и како се разликуваат нејзината прва и втора бременост.

Жељко е тврдоглав како мене, а физички личи на татко му. Бебето доаѓа наскоро, разликата помеѓу првата и втората бременост е што сега ми е полесно. Свесна сум што ме чека, но второто бебе е многу понемирно од Жељко – изјави Богдана.

Богдана Ражнатовиќ со години играше за кошаркарската репрезентација на Србија, но поради повреди мораше да го напушти спортот.

Мислам дека кошарката ми донесе многу добри работи и ме научи многу. Морав да престанам да тренирам професионална кошарка бидејќи имав две сериозни повреди. Горда сум на она што го постигнав со тимот, но и самостојно како дел од репрезентацијата на Србија. Не можам да кажам дека ми недостига бидејќи сега имам поинаков начин на живот во кој се пронајдов – изјави Богдана.

Таа се осврна и на темата за појавување во јавноста.

Мојата желба да не се појавувам пред камерите произлегува од тоа што не пораснав во таа средина. Немам искуство во ова и тоа е нешто ново за мене. Не се оптоварувам со јавно експонирање – вели Богдана Ражнатовиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.