Први заеднички папарацо-фотографии на Канје Вест и Ирина Шајк (ФОТО)
Ако баба лаже, трап не лаже!
Дефинитивно никој не може да разбере што се случува во популарното семејство Кардашијан, кое 14 години ја шокира јавноста со сите скандали што се случуваат во животот на многубројните членови.
Најново на репертоарот е разводот на Ким Кардашијан и Канје Вест, кој како гром од ведро небо одекна во медиумите. И не успеа да се исуши ниту мастилото од нивните потписи на документите за развод на бракот, а следуваше нов шок – Ким му го честита роденденот на раперот со заедничка фотографија, покрај која порача „дека ќе го сака до крајот на животот“.
И тоа не е се’! Додека популарните сестри му го честитаат роденденот на се’ уште актуелниот зет, тој се шета со Ирина Шајк во Франција. Е, ај сега!
Конкретно, ексклузивните фотки на „Дејли мејл“ ги потврдуваат шпекулациите дека контроверзниот рапер е во љубовна врска со руската манекенка.
Гулапчињата се уловени за време на прошетката во Франција, а наводно сместени се во луксузниот хотел „Вила ла кост бутик“, во кој цената од ноќ изнесува од 1.200 до 1.500 евра.
Фото: Дејли мејл