Провалникот во домот на Џони Деп се туширал во моментот кога влегла полицијата

Веројатно го импресионирал тушот на актерот

Во домот на Џони Деп е уапсен провалник, кој се опуштил при посетата на вилата на славниот актер. Имено, дотичното лице се истуширало и си наточило пијалак.

Во четвртокот, била повикана полиција во домот на холивудскиот актер одстрана на соседите, кои забележале бездомници на неговиот имот.

Непосредно пред да се огласи алармот, соседот повикал полиција поради бездомниците што се појавиле во дворот на актерот, близу базенот. Наводниот натрапник, кој не е идентификуван, се туширал кога пристигнале полицајците. Тие морале да ја скршат вратата затоа што тој одбил да излезе од тушот“, открива изворот за ТМЗ.

Натрапникот бил обвинет за тежок вандализам, но не може да се предвиди дали Деп бил во опасност.

 

Фото: Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.