Прогласени се 12-те најдобри жени во спортот за 2019

Вечер за жени во спортот

,,Верувам дека овој настан ќе продолжи и во следните години и дека успехот на спортистките ќе го доближиме поблизу до пошироката јавност“, изјави Силвија Митевска, претседателка на ТАКТ

На 20ти декември се одржа гала настан ,,Вечер за жени во спортот“  кој втора година по ред се организира во Р.Македонија. На овој настан во свечена атмосфера  се доделија награди во дванаесет категории.Овој настан е организиран од невладината организација ТАКТ,Скопје која е активна на полето на унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт и e поддржан од амбасадата на Кралството Холандија, амбасадата на Обединето Кралство, амбасадата на Кралството Шведска, Хорус и други.

,,Целта на овој настан е да се истакнат сите значајни достигнувања на спортистките за 2019та но и да се потенцираат успесите на девојките и жените кои своето време го поминуваат на спортските терени, во улога на тренер, судијка, менаџерка. Целта на овој настан е да го афирмираме успехот на сите жени кои делуваат во спортскиот сектор и да ја афирмираме заложбата за родова еднаквост во спортот зашто потребна ни е еднаквост на спортските терени, на спортските натпревари, еднаква финансиска поддршка, еднаква медиумска застапеност и еднаква застапеност во управувачките тела и креирање на политики“, изјави претседателката на ТАКТ, Силвија Митевска.

,,Верувам дека овој настан ќе продолжи и во следните години и дека успехот на спортистките ќе го доближиме поблизу до пошироката јавност, со цел да мотивираме и инспирираме што поголем број на девојки да спортуваат и да сонуваат за спортски кариери. Спортскиот сектор не е повеќе доминантно машко поле, напротив, постојат многу способни и амбициозни девојки и жени кои се остваруваат во спортските професии, притоа надминувајќи ги сите стереотипи и предрасуди.“

Прогласени победнички во 12те категории:

1.  Најнадежна млада спортистка – Миа Тодорова

2. Најголем придонес во училишен спорт – Анета Глигорова

3. Најдобар женски тренер – Жаклина Стојановска

4. Најдобра судијка – Ивана Пројковска

5. Најголем општествен придонес преку спорт – Македонска Асоцијација Бочија

6. Најуспешна спортска менаџерка – Зорица Блажевска

7. Спортски подвиг на годината – Тина Несторовска

8. Посебно признание за животно дело – Индира Кастратовиќ

9. Најдобра спортистка со инвалидитет – Сара Дураку

10. Најдобра спортистка во колективен спорт – Наташа Андонова

11. Најдобра спортистка во индивидуален спорт – Пулексенија Јованоска

12. Најдобра спортистка за 2019та година – Адријана Поп Арсова

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.