ПРОФЕМИНА 2021: Утре ќе се одржи популарната регионална конференција за жени во Скопје

Вредни подароци за посетителите

Голем број врвни експерти, познати дами – панелистки, награди, подароци за посетителите… сето тоа ќе се реализира во рамките на добро познатата регионална конференција за жени „Профемина 2021“!

Верните читателки на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“ многу добро знаат што е „Профемина“ – веќе четири пати имаа можност да присуствуваат на неа. А утре и петти пат, земајќи предвид дека најпознатата регионална конференција за жени ќе се одржи во хотелот Double Tree by Hilton во нашата престолнина.

Поради пандемијата на ковид-19, бевме спречени да се дружиме и да разменуваме искуства со нашите посетители, меѓутоа, годинава, почитувајќи ги мерките за заштита на јавното здравје, „Профемина 2021“  ќе се одржи на нова локација – првпат во хотелот „Хилтон“, со почеток во 10 часот.

Многубројните читатели, посетители и фанови на „Убавина и здравје“, која е организатор на конференцијата, и на „Профемина“ знаат дека ги очекуваат едукативни, актуелни и интересни панел-дискусии и студии на случајот, штандови на поддржувачите на конференцијата на која ќе можат да се запознаат со новитетите во сферата на здравјето, убавината, модата, професијата и дигитализацијата, но и вредни подароци од организаторот и неговите пријатели – кои ќе се извлекуваат по секој панел и на крајот на конференцијата, во рамките на лотаријата.

Затоа, не заборавајте да се регистрирате при влезот за да учествувате во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta и други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје.”

ПОДАРОЦИ ШТО МОЖАТ ДА СТАНАТ ВАШИ:

Богати и вредни пакет-производи на Esensa, Revalid, La Roche Posay и на Vichy.

Teoxane подарува 2 картички – 1 во вредност од 1.700 денари за 3d lip нега за усните и 1 во износ од 3.600 денари за Advanced Perfecting, заштитен крем со заштитен фактор и заштита од загадување на кожата.

ZAN MITREV KLINIK ќе ве израдува со пакет за убавина, кој содржи: нутритивно советување; естетска консултација со ваучер за попуст; производи – природни масла за убавина и здравје и медицинска козметика.

SWAROVSKI подарува синџирче SWAROVSKI.

ZEPTER подарува иновативен производ – личен прочистувач на воздухот, кој се носи околу вратот и ве заштитува од надворешните загадувачи, па дури и патогени микроорганизми.

Магазинот „Убавина и здравје“ ќе додели 4 ваучери за часовници и накит во вредност од 100 евра, а U&Z BRANDS, новата шопинг-станица на популарниот женски магазин ќе подари 3 пара хеланки од бразилскиот премиум-бренд CAJU BRASIL.

Како да присуствувате?

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН! Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат своето место на оваа престижна конференција. Само не заборавајте да го земете сертификатот за имунизација со вас!

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk.

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Програмата на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.