Профемина 2021: Разбуди ја убавината во себе!

Четврта панел-дискусија

Станавме ли свесни за значењето за нега на кожата како однатре, така однадвор? Како да го постигнеме потребното во услови на
модерното брзо живеење?

Врвни експерти во својата област ни откриваат нови стратегии за блескав изглед во рамките на четвртата панел-дискусија, поддржана од Zan Mitrev Clinic, на петтата регионална конференција за жени „Профемина 2021“, која во среда ќе се одржи во хотелот Double Tree by Hilton во нашата престолнина.

Сите заинтересирани можат да присуствуваат и да земат активно учество на панелот, кој почнува во 15.45 ч, поставувајќи прашања од публиката. Модераторка на дискусијата е ТВ-водителката Марјана Станојковска, а учесници се: д-р Александра Лазаревска, дерматолог на клиниката „Жан Митрев“, д-р Анџелка Илиева, дерматолог на клиниката „Жан Митрев“, Марина Релушкоска, нутриционистка и Марис Џолин, инфлуенсерка.

Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“, кој е организатор на конференцијата, можат да си го резервираат своето место пријавувајќи се на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до денес, 6.12.2021.

Потребно е да ги напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти, се ограничени!

Не заборавајте да се регистрирате при влезот за да учествувате во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Комплетната програма на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.

Ве очекуваат изложбени штандови на поддржувачите на конференцијата, на кои ќе можете да ги погледнете, тестирате и дегустирате нивните новитети, подароци, вредни награди (сите посетители што ќе се регистрираат со оставање име и презиме на влезот учествуваат во лотаријата на конференцијата), но пред се’, многу едукативни содржини, гостувања и излагање на панелистите на „Профемина 2021“.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Не пропуштајте – „Профемина“ е повторно во Скопје!

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.