Профемина 2021: Онлајн бизнис – приказни за успехот!

Петта панел-дискусија

Кои и чии идеи блеснаа и зошто? Какви дигитални вештини и алатки се потребни за да почнете да заработувате преку Интернет? Покренете своја приказна!

Токму на оваа тема ќе се дискутира во рамките на петтата панел-дискусија, спонзорирана од А1, на петтата регионална конференција „Профемина 2021“, која ќе се одржи во среда, во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје.

Модераторка на панелот е Ана Зафирова, новинарка и ПР-менаџерка, а учесници се Ружица Максимовска, сопственичка на „Портрет“, Моника Ризовска, ко-основач на платформата Ways2help и амбасадор на Women in Tech Македонија, Елизабета Јовановска, сопственичка на „Бренд солушн“ и на Едукативен центар за маргинализирани групи,  Лејла Рамковска, инструкторка по јога и Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1.

Почетокот на панел-дискусијата е предвиден во 16.30 минути, во среда, на 8 декември 2021 година, во хотелот „Хилтон“.

Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“, кој е организатор на конференцијата, можат да си го резервираат своето место пријавувајќи се на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до утре, 6.12.2021.

Потребно е да ги напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти, се ограничени!

Не заборавајте да се регистрирате при влезот за да учествувате во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Комплетната програма на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.

Ве очекуваат изложбени штандови на поддржувачите на конференцијата, на кои ќе можете да ги погледнете, тестирате и дегустирате нивните новитети, подароци, вредни награди (сите посетители што ќе се регистрираат со оставање име и презиме на влезот учествуваат во лотаријата на конференцијата), но пред се’, многу едукативни содржини, гостувања и излагање на панелистите на „Профемина 2021“.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Не пропуштајте – „Профемина“ е повторно во Скопје!

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.