Профемина 2021: Нема пауза во менопауза!

Трета панел-дискусија

Во рамките на петтата регионална конференција за жени „Профемина 2021“, која ќе се одржи во среда, во хотелот „Хилтон“, во Скопје, врвни експерти ќе се обидат да ги разбијат сите табуа околу прашањето за менопаузата, кое ги засега сите жени.

Што е менопауза? Само уште една етапа во долгото патување. Менопаузата може да донесе низа нови прашања. Ги бараме одговорите со поддршка и советите од експертите за здравје и убавина во рамките на третата панел-дискусија на престижната конференција за жени „Профемина“, која по петти пат ни доаѓа во Скопје.

Модератор на панелот е ТВ-водителката Јована Стојменовиќ, а учесници се врвните експерти во својата област: Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка за Vichy во „Септима“, м-р д-р Наташа Теовска Митревска, специјалист дерматовенеролог во „Ремедика“, д-р Татјана Гуржанова, специјалист акушер, гинеколог и IVF-специјалист во „Newborn Clinic“, проф. д-р Аспазија Софијанова од Детската интезивна нега и терапија и неонатологија, Елена Петреска, поп-пејачка и Ирена Спировска, ТВ-водителка.

Покровител на оваа панел-дискусија, која ќе почне во 14 часот во хотелот Double Tree by Hilton на 8 декември (среда), а на која панелистите ќе ги обидат да ги одгатнат сите прашања што ја засегаат речиси секоја жена, е Vichy.

Доколку и вие имате прашања што сакате да им ги поставите на врвните стручњаци во рамките на овој панел, повелете на „Профемина 2021“ и земете активно учество од публиката, за која покровителот Vichy обезбеди вредни подароци.

Не заборавајте, панел-дискусијата „Нема пауза во менопауза!“ почнува во 14 часот!

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН! Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат своето место на оваа престижна конференција.

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до 6.12.2021.

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Инаку, програмата на петото издание на регионалната конференција за жени „Профемина 2021“, во организација на највлијателниот магазин „Убавина и здравје“, и оваа година ќе биде квалитетна и едукативна, во рамките на која ќе се обработуваат теми важни за здравјето, убавината и животниот стил на современата жена, а можете да ја погледнете ТУКА.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година, во хотелот „Хилтон“, во Скопје.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Убавина и здравје, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.