Профемина 2021: Нашето лице во вистинските раце!

Втора студија на случај

Да ја дефинираме нашата привлечност и да го надмудриме времето со најсовремените методи? ДА! Но да имаме на ум – убавината е знаење, вештина и уметност! Тогаш, какви можности нудат иновативните дермални филери?

Токму на оваа тема, нашата позната ТВ-водителка Јована Стојменовиќ ќе дискутира со својата гостинка, која е врвен експерт во својата област, на втората студија на случај, спонзорирана од Teoxane, во рамките на петтата регионална конференција за жени „Профемина 2021“, која ќе се одржи во среда, во хотелот Double Tree Hilton, во нашата престолнина, со почеток во 15 часот.

Експертот што ќе се обиде да ги одгатне најважните загатки на оваа тема, вклучувајќи ги и прашањата што вие ќе можете да ги поставите од публиката, е д-р Даниела Димитрова, стоматолог и сертифициран естетски доктор од TEOXANE, Швајцарија.

Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“, кој е организатор на конференцијата, можат да си го резервираат своето место пријавувајќи се на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до денес, 6.12.2021.

Потребно е да ги напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти, се ограничени!

Не заборавајте да се регистрирате при влезот за да учествувате во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Комплетната програма на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.

Ве очекуваат изложбени штандови на поддржувачите на конференцијата, на кои ќе можете да ги погледнете, тестирате и дегустирате нивните новитети, подароци, вредни награди (сите посетители што ќе се регистрираат со оставање име и презиме на влезот учествуваат во лотаријата на конференцијата), но пред се’, многу едукативни содржини, гостувања и излагање на панелистите на „Профемина 2021“.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Не пропуштајте – „Профемина“ е повторно во Скопје!

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.