Профемина 2021: Имам идеја и сакам свој бизнис!

Она што ви треба е „ветер во грбот“!

Последната, шеста, панел-дискусија на најпрестижната конференција за жени во регионот – „Профемина 2021“ година, која ќе се одржи во среда, во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје, ќе го даде го открие токму тој „ветер“.

Каков е, чекор по чекор, патот до успешна бизнис-приказна? Кои се пречките на тој пат? На каква поддршка и финансирање на малите бизниси, можеме да сметаме за жените-претприемачи?

Ова се прашањата на кои врвните стручњаци во својата област, а воедно и панелисти во последната панел-дискусија на петтото издание на „Профемина“ во Скопје, ќе се обидат да го дадат одговорот во рамките на разговорот со модераторката на панелот, ТВ-водителката Ведрана Ѓорѓевиќ.

Панелот ќе почне во 17 часот, а негови панелисти се Софија Дачева, основачка на „Матриошка“ и на „Вајс груп“, Катарина Георгиевска, сопственичка на „Ранчо и Ванчо на Ката“ и Маја Гоговска од дирекцијата за маркетинг на „Халк банка“, која е покровител на овој панел.

Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“, кој е организатор на конференцијата, можат да си го резервираат своето место пријавувајќи се на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до денес, 6.12.2021.

Потребно е да ги напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти, се ограничени!

Не заборавајте да се регистрирате при влезот за да учествувате во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Комплетната програма на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.

Ве очекуваат изложбени штандови на поддржувачите на конференцијата, на кои ќе можете да ги погледнете, тестирате и дегустирате нивните новитети, подароци, вредни награди (сите посетители што ќе се регистрираат со оставање име и презиме на влезот учествуваат во лотаријата на конференцијата), но пред се’, многу едукативни содржини, гостувања и излагање на панелистите на „Профемина 2021“.

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Не пропуштајте – „Профемина“ е повторно во Скопје!

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време