„Профемина 2019“: Ѕирнете во програмата на регионалната конференција за жени

Голем број експерти, познати дами, специјални гости, награди, подароци...

Регионалната конференција за жени „Профемина 2019“ четврти пат се одржува во нашата престолнина, во организација на компанијата „Колор медиа плус“, која, меѓу другото, е издавач на најстариот женски магазин „Убавина и здравје“.

На 27 номеври (среда) во хотелот „Александар палас“ во Скопје, сите заинтересирани дами ќе можат да уживаат во богатата едукативна програма на конференцијата, на која учествуваат еминентни стручњаци од областа на убавината, здравјето, медицината, познати дами од државата и соседството, а сите заедно ќе се обидат да одговорат на прашањето: „Што сакаат жените!“

Конференцијата почнува во 10 часот, влезот е слободен, а регистрацијата на гостите ќе се одвива од 9.30 до 10 часот (сите заинтересира можат да го пријават своето учество со испраќање на името и презимето на мејл-адресата event@colormedia.com.mk).

Програмата на годинешната „Профемина“ ќе биде збогатена и со присуството на три специјални гостинки, кои несебично ќе ги споделат своите искуства.

На темата „што сакаат жените“ ќе зборуваат писателката, водителка и уредничка на емисијата „Балканска улица“ Весна Дедиќ, авторката на добро познатите романи „Рингишпил“, „Куферот од Берлин“, „Те нема никаде“ и многу други – Јелена Бачиќ Алимпиќ, како и српската пејачка Наташа Беквалац, која пред македонската публика првпат јавно ќе зборува за сè она што го има обележано нејзиниот живот, како професионалните успеси, така и приватните емотивни подеми и падови.

Ве очекуваат изложбени штандови на поддржувачите на конференцијата, на кои ќе можете да ги погледнете, тестирате и дегустирате нивните новитети, подароци, вредни награди (сите посетители што ќе се регистрираат со оставање име и презиме на влезот учествуваат во лотаријата на конференцијата), но пред се’, многу едукативни содржини, гостувања и излагање на панелистите на „Профемина 2019“.

ЗА ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ПРОГРАМАТА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА, КЛИКНЕТЕ ТУКА!

Не пропуштајте – „Профемина“ повторно во Скопје!

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.