Профемина 2019: И оваа година ќе понудиме одговори на прашањето „што сакаат жените?“

Очекувајте многу подароци и специјални гости!

Во рамки на конференцијата е планирано да се реализираат повеќе панели на кои ќе се дискутира на различни теми поврзани со жената

На 27-ми ноември во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи четвртото издание на регионалната конференција за жени „Профемина“ во чиј фокус се жените и сè што е поврзано со нив.

Во рамките на конференцијата е планирано да се реализираат повеќе панел-дискусии и студии на случај, на кои ќе се дискутира на различни теми во кои акцентот ќе биде ставен на убавината, негата, здравјето и на сè што е од исклучителна важност за припадничките на понежниот пол.

Имаме ли стратегија да го надмудриме времето и да ги прифатиме промените што тоа со себе ги носи, зошто клучот за успехот лежи во самомотивацијата, што се’ (не) знаеме за имунитетот, се само дел од темите на кои ќе дискутираат многу наши јавни личности, експерти и доктори, а свој придонес, како и секоја година, ќе може да даде и публиката со своите прашања и сугестии.

Програмата на овогодишната „Профемина“ ќе биде збогатена и со присуството на три специјални гостинки кои несебично ќе ги споделат своите искуства. На темата „што сакаат жените“ ќе зборуваат писателката, водителка и уредничка на емисијата „Балканска улица“ Весна Дедиќ, авторката на добро познатите романи „Рингишпил“, „Куферот од Берлин“, „Те нема никаде“ и многу други – Јелена Бачиќ Алимпиќ, како и српската пејачка Наташа Беквалац, која пред македонската публика првпат јавно ќе зборува за сè она што го има обележано нејзиниот живот, како професионалните успеси, така и приватните емотивни подеми и падови.

Во паузите помеѓу панелите и студиите на случај ќе имате можност да ги посетите многуте поставени штандови, да добиете подароци и да се запознаете со дел од учесниците.

Како да присуствувате?

Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат  своето место на оваа престижна конференција.

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и во живо да ги слушнете приказните на овие познати дами и да размените искуства со нив. Тоа можете да го направите најдоцна до 25 ноември. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро!

Очекувајте подетални информации и програма во текот на наредните денови, а дотогаш погледнете како помина Промина 2018. Се гледаме на 27 ноември во „Александар Палас“!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.