Пристигнаа првите фотографии од венчавката на Бен и Џенифер: Изгледаат неодоливо (ФОТО)

Љубовта победува!

Венчаницата едноставна, костумот класичен, а насмевките – грандиозни!

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа три месеци по обновување на свршување, а сега се појавија и првите фотографии од нивната интимна и бајковита венчавка, и малку е да кажеме дека изгледаат убаво и среќно.

Двојката добила дозвола за брак во округот Кларк, Невада, која им е издадена на 16 јули и гласи на нивните правни имиња – Бенџамин Газа Афлек и Џенифер Лин Лопез, пренесува „ТМЗ“.


Иако се шпекулираше дали информацијата е вистинита или станува збор за нови малициозни гласини, брачната потврда на која се гледа дека Џеј Ло сега е Џенифер Афлек и фотографиите кои се појавија на Интернет ги потврдија приказните за крунисувањето на оваа голема љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Who What Wear (@whowhatwear)


По 20 години, светот конечно ги виде Џеј Ло и Бен Афлек пред олтарот, младенците се повеќе од среќни, а на Интернет кружат нивните први свадбени фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Žena.rs (@zena.rs)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време