Принцот Вилијам бил лудо вљубен во неа, па мајка му ја поканила на гости во палатата

Драги спомени на популарната манекенка

Синди Крафорд за време на гостувањето во емисијата на својата колешка Наоми Кембел раскажа како изгледала средбата со покојната принцеза Дијана, која ја поканила тогаш мегапопуларната манекенка да ја посети во палатата во Лондон.

Причината била да го запознае нејзиниот постар син, принцот Вилијам, кој во тоа време бил тинејџер и апсолутно „затрескан“ во топ-моделот. Содржината продолжува по огласот…

Бев шокирана што сум во Кенсингтонската палата и што имм можност да ја запознам принцезата Дијана. Во таа пригода видов колку жената е приземна и нормална“, раскажа Синди, и додаде:

Ја обожавав принцезата Дијана, ептен ја обожавав!“

Исто така, Крафорд призна дека многу ја изненадил повикот од принцезата во кој ѝ рекла дека сака да дојде на гости кај нив.

Беше толку љубезна и лично ми се јави во мојата канцеларија, велејќи: ‘Добар ден, тука принцезата Дијана’, а мојата асистентка, која се јавуваше на телефон, не можеше да верува дека тоа е вистина, но беше“, се присети 54-годишната моделка.

Во разговорот со Наоми, Синди истакна  дека оваа средба ѝ останала исклучително драг спомен, а дека принцезата се трудела таа да се чувствува како дома.

А за поканата е заслужен принцот Вилијам, кој во тоа време бил лудо заљубен во Синди Крафорд. Поради тоа што многу сакал да ја запознае, мајка му му помогнала во тоа.

 

Притисокот поради тоа што ќе се запознае со најстариот син на Дијана го чувствувала и самата Синди, но поради друга причина.

Имено, нејзе пред средбата ја мачело што ќе облече, поради тоа што не сакала да изгледа „старомодно“ и да го разочара младиот принц, а од друга страна знаела дека мора да го почитува нивниот протокол доколку сака повторно да ја повикаат.

На крајот одлучила да носи класика – малиот црн фустан!

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.