Принцот Хари и Меган Маркл го принудуваат 9-месечниот син да стане веган?!

Меган се надева дека Арчи ќе стане веган

Според британскиот таблоид The Sun, принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) на својот 9-месечен син Арчи му наметнуваат вегански стил на исхрана, кој наиде на критикика од јавноста, но и од кралицата Елизабета.

Имено, извор близок на популарната двојка открил дека сопружниците претпочитаат сами да готват за себе, а Меган му покажала на Хари како да приготви храна од билки.

Хари не беше добар готвач кога ја запозна Меган, но таа го научи сите трикови. Меган јаде само органска храна, а таа и Хари исто така направија своја градина во близина на замокот Виндзор”, открил извор близок на тричленото семејство.

Според истиот извор, поголемиот дел од времето Меган строго се придржува кон исхраната базирана на растенија, иако понекогаш има „денови за мамење“ и се надева дека нејзиниот син ќе го следи истиот пат.

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.