Принц Хари повеќе не ја крие својата несреќа: Му недостигаат семејството, титулата, кралските обврски!

Не знае што да прави со себе

Наводно повторно се зближил со братот Вилијам

Иако Меган Маркл сега е среќна и го живее животот што го сака, извори блиски на принцот Хари раскажале за магазинот „Венити фер“ дека тој наводно не наоѓал смисла во новата околина и дека многу му недостигаат пријателите и семејството.

„Мислам дека на Хари многу му недостигаат пријателите, воените обврски, титулата и сѐ друго што добиваше со неа. Некаков ред и распоред во животот. Моментално нема работа, пријатели, а најблиското семејство е со километри оддалечено од него. Целата оваа ситуација со коронавирусот и болеста на татко му сако го турнаа во одлуката повторно да се зближи со братот Вилијам“, рекла Кејти Никол, експертка која ги следи односите во кралското семејство со години.

„Исто така, мислам дека Кејт и Вилијам многу го чувствуваат отсуството на Хари и Меган и жал им е што го немаат Хари покрај себе, бидејќи многу се поврзани“, додала Никол.

Неодамна е откриено дека самиот Хари им кажал на пријателите преку видеоповик дека сѐ уште е во шок од тоа колку му се променил животот. Никол нагласува дека на поранешниот принц му недостига структура, правила и примери во животот кои послушно ги следел уште од детството.

Истовремено, неговата сопруга Меган чувствува олеснување по доаѓањето на своја територија и оддалечувањето од Британија на која никако не можела да се прилагоди.

Поранешната војвотка инсистира на што порано излегување на биографијата за нејзиниот и животот на Хари, која би требало да јавноста да ѝ даде увид во вистинската состојба на работите и да ја раскаже нивната страна на приказната.

Меган Маркл водела дневник: Патот од холивудска актерка до британска принцеза

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.