Принц Хари и Меган повеќе немаат каде да се вратат: Еве кој се вселил во нивната резиденција во Лондон!

Раскошната вила повеќе не им е на располагање

Фото: Getty Images

Немаат намера да се враќаат или потполно се избришани?

Кога принц Хари и Меган Маркл би посакале да се вратат во Лондон, барем на кратко, би требало да побараат нов дом за своето тричлено семејство. Имено нивната британска резиденција Frogmore Cottage во Виндзор сега има нови станари. Во нивниот дом се вселиле принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк.

„Frogmore Cottage е приватна резиденција на војводата и војвотката од Сасекс, па кои било измени и настани ги засегаат и нив“, изјавил претставник за јавност на Бакингемската палата и додал дека колибата Frogmore и понатаму е дом што им припаѓа на Меган и Хари, кои Лондон го заменија со Лос Анџелес.

Меган и Хари наводно се среќни што својата британска резиденција која не ја користат можат да ѝ ја отстапат на принцезата Јуџин, помладата ќерка на принц Ендру и на нејзиниот сопруг Џек, со кого го очекува своето прво дете.

Според написите на британските медиуми, селидбата се одиграла среде ноќ, па може да се заклучи дека новиот брачен пар не сакал да привлече медиумско внимание, но не успеал во тоа.

Јавноста од ова заклучила дека Меган и Хари немаат намера да се враќаат во Велика Британија. Кралскиот пар неодамна искеширал милиони долари за луксузен имот во Монтесити во Лос Анџелес, додека Јуџин и Џек досега живееле во резиденцијата Ivy Cottage, во склоп на Кенсингтонската палата.

Принц Хари е помалку интелигентен од Меган и оди таму каде што таа ќе каже: Нови шокантни детали од брачниот живот на парот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.