Пријавувањето за U&Z Influencer Awards официјално заврши: Учесниците веќе ги добија своите задачи!

Кој ќе биде Influencer Star?

Во продолжение ви ги претставуваме поддржувачите на секоја од категориите…

Пријавувањето на конкурсот „U&Z Influencer Awards“ официјално заврши!  Станува збор за настан кој првпат се одржува во Македонија, а кој претставува можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција во нив потпишувајќи договор со покровителите на една од осумте категории на натпреварот и освојувајќи вредна награда.

Пријавувањето во категориите Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle и Insta Man траеше до 15-ти септември, но се’ уште може да се пријавувате во осмата, специјална категорија Happiness (Среќа), #ВклучиСеЗаСреќа, #МинутиНаСреќа, во која учество ќе можат да земат сите учесници со навршени 18 години, без разлика на бројот на следбеници на Фејсбук и на Инстаграм. Испратете ни мејл со ваше име и презиме, линк до вашиот профил на Фејсбук или Инстаграм и чекајте ги нашите инструкции.

 

Кои се задачите на пријавените учесници?

Секој од пријавените учесници има задача во периодот од крајот на септември до 30 ноември, на својот инстаграм-профил да објави 5 фотографии со производите на генералниот поддржувач на целиот настан „Violeta“, користејќи ги соодветните хаштази, и 5 фотографии со одредени производи од поддржувачот на категоријата за која се пријавиле. Ќе бидат оценувани креативноста и оригиналноста на објавите од страна на стручно жири и гласови од публиката. Бројот на лајкови нема да биде пресуден.

Запознајте се со нашите поддржувачи!

Во продолжение ви ги претставуваме поддржувачите на секоја од категориите:

  • Брендовите ArtDeco, Misslyn и Carolina Herrera се поддржувачи на категоријата Beauty.
  • Брендовите Carolina Herrera и Jimmy Choo се поддржувачи на категоријата Insta Man.
  • Поддржувачи на категоријата Travel се B-Watch.
  • Поддржувач на категоријата Fashion е брендот NuMe.
  • Подржувачи на категоријата Lifestyle се MiniSo и KFC.
  • Категоријата Food исто така е поддржана од неколку познати брендови.
  • Официјален партнер за Среќа е Лото 7.

ПОДАРОЦИ!

Сите учесници ќе добијат богати подароци од соработниците на магазинот „Убавина и здравје“, а победникот во секоја категорија ќе добие или можност за потпишување договор со поддржувачот на категоријата или производи во вредност од 200 евра. Сите победници во категориите ќе добијат и ваучери од „Божиновски“ во вредност од 100 евра. Пријавените учесници ги очекуваат уште многу други изненадувања и подароци од наши клиенти и познати брендови, кои дополнително ќе ви ги откриваме.

Со самото учество во мини-натпреварот си обезбедувате и место на гала-настанот, кој ќе се одржи на 2 декември во Ragusa Rooftop 360.  На гала-свеченоста ќе им бидат доделени статуетки на победниците во категориите и ќе се избере U&Z Influence Star, кој ќе ја краси насловната страница на декемвриското издание на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! И станете Influencer Star!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.