Пресметката продолжува: Гоца Тржан во одбрана на естрадата од „копањето“ компири

Нема лабаво

Откако на својот твитер-профил „твитна“: „Гледам дека нашиот народ е многу среќен и задоволен што естрадата нема од што да живее. Ете, барем некому и среќа да му донесеме со сопствената несреќа“, Гоца Тржан (46) покрена лавина од коментари. Дел од нив ја поддржуваат, но добар дел ја напаѓаат (повеќе за нападите можете да прочитате ТУКА).

Меѓутоа, Гоца не остана на тоа….

Она што малкумина го разбираат е дека пејачите не жалат за себе и за нивната финансиска благосостојба. Естрадата не ја претставуваат само пејачите, така што не бараме само за себе. Во просек, ние храниме пет или шест семејства. Музичарите имаат свои деца, тонци, возачи“, повторно се огласи таа, и додаде:

 

 

View this post on Instagram

 

#birthday 46 i jos odbrojavam. I nije me strah da sve pocnem ispocetka. Hvala svima na cestitkama, volim vas. 🎂🎂🎂🎂

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan) on

Јас застанав во одбрана на хуманоста и емпатијата, кои се’ помалку постојат. Јас прва реков дека пејачите треба да се срамат да лелекаат и да побараат помош од државата, но не се радував што другите немаат. Најлесно е да се каже ‘музичарите заработија илјадници евра, а сега немаат една банка’. Колку сме среќни што сите заработуваме илјадници евра. Не барав ништо од државата или од никого.“

На многумина им пречи тоа што во последно време Гоца на својот инстаграм-профил рекламира одредени производи па поради тоа негодуваат, на што таа им одговори:

Не настапувам, а кога ќе го рекламирам она во што ги вложив моите пари сметаат дека е паметно да го коментираат тоа на примитивен начин. Не знам, можеби би било подобро да сум ку*ва, можеби тогаш би ме ценеле повеќе во овој искривен свет. Нема да не’ убие короната, туку злобата“, порача поп-пејачката.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.