Премиера на ќеркичката на Петар Грашо: „Колку среќа емоција, љубов и солзи донесе оваа рака во нашите животи“ (ФОТО)

Емотивно

Новопечената брачно-музичка двојка Петар Грашо (46) и Хана Хуљиќ Грашо (31) во неделата ја добија првата ќерка Алба, а Хана во четвртокот околу 13 часот ја напушти сплитската болница.

Бебето ги „изненадило“ родителите бидејќи пристигнало пет дена пред терминот, а кој бил на 23 јули.

Голема благодарност до сите луѓе за поддршката, пријателите и сите кои се радуваат за нас. Успеав да ја бакнам ќерка ми, свирев во Комижа и стасав со такси во 4 часот наутро за да ја видам“ – ​​Петар Грашо изјави за медиумите, а откри и што ќе слуша неговата ќерка.

Фото: Инстаграм

Таа ќе го слуша она што е најважно за секое дете, вклучително и за моето дете, гласовите на оние луѓе кои ја сакаат“ – додал тој.

Кошаркарот Дино Раџа ја објави првата фотографија од ќерката на Петар Грашо и Хана. Имено, кумот ја објави раката од малата Алба со емотивен коментар.

Колку среќа емоција, љубов и солзи донесе оваа рака во нашите животи“, напиша Раџа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.