Пред да се омажи за крал, била во брак со професор: Овој скандал никогаш не ѝ го простиле!

Сигурно не сте го знаеле ова!

Кралицата Летиција е олицетворение на стилот и елеганцијата, но нејзиниот живот не личи на бајка

Кралицата Летиција е олицетворение на гламурот, светот му се воодушевува на нејзиниот стил и држење, но нејзината приказна воопшто не е како од бајките, туку започнува со скандал…

Кралицата Летиција Ортиз Рокасолано, исто како и Меган Маркл, има поинаква животна приказна. Не потекнува од семејство што му е блиско на кралското, а нејзиниот живот бил далеку потурбулентен одошто можете да си претпоставите.

Пред да се омажи за припадник на кралското семејство, таа имала пропаднат брак зад себе. Тоа шпанскиот народ најпрво не го прифатил со восхит, но со текот на времето, благодарение на нејзините паметни одлуки, ја придобила наклоноста и љубовта на сите Шпанци.

Кралицата Летиција не го прекинала контактот со поранешниот сопруг

Нејзиното детство, школување и живот му се добро познати на народот, но деталите околу бракот со Алонсо Герер се непознати. Убавата Летиција е родена на 15 септември 1972 година во шпанскиот град Овиједа, како најстара ќерка на новинарот Хесус Хозе Ортиз Алварез и медицинската сестра Марија де Ла Палома Рокасолано Родригез, кои покрај неа имале и ќерки Телма и Ерика. За Герер се омажила во 1998, а бракот со професорот по книжевност траел само една година, но најинтересно е тоа што тие и понатаму се во контакт, иако не се во брак од 1999 година.

Го сакала страсно цели 14 години, а бракот завршил по само една година!

Како што пишува во ретки новинарски статии, Летиција Ортиз Рокасолано се вљубила во својот професор по книжевност. Тој предавал во средното училиште Рамиро де Маезту, каде што учела таа. Нивната љубовна приказна била многу страсна и траела речиси 14 години. Но потоа во 1998 година, одлучиле својата љубов да ја крунисаат и со брак.

Иако нивниот брак не успеал, бидејќи доживеале неуспех по само една година, сепак, не ги прекинале сите контакти. Иако Летиција во меѓувреме во 2004 година се омажила за идниот шпански крал, останала во пријателски односи со поранешниот сопруг.

Кралицата Летиција на состаноците со бившиот го води и сегашниот сопруг

„Ми откри тајна што никој не ја знае. Ми кажа дека тој и кралицата сè уште се пријатели и се дружат“, открил авторот на книгата „Летиција, нетрпеливата кралица“, Леонардо Фачио, и објаснил:

„Ми кажа дека понекогаш се среќаваат за да разговараат, да испијат кафе или да уживаат во вечера, не која секогаш е присутен и кралот. Нивната врска траеше толку долго што на крајот заврши со пријателство.“

Токму благодарение на фактот што кралот Фелипе Шести е запознаен со целата ситуација, но и со самиот Алонсо Герер, шпанските медиуми не можеле да извлечат никаков скандал. Па не е ни чудно што ова не им е претерано интересна тема за пишување.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време