Интересна панел-дискусија за крај на деветтата регионална конференција за жени ПРОФЕМИНА 2025.
Дали мажите навистина знаат што сакаат жените? Дали „посилниот пол“ и понатаму ја држи таа титула, или современото време го редефинира прототипот на балканскиот маж – од доминантен и самоуверен, во посуптилен, поемпатичен и поприспособлив партнер?
Прашања што можеби звучат како од вечна љубовна дебата, но токму тие се во фокусот на последниот и најинтригантен панел на регионалната конференција за жени „Профемина“ (16.30 ч), на тема: „Што сакаат жените – одговори даваат мажите!“
Деветтата регионална конференција за жени „Профемина 2025“ ќе се одржи утре, на 23 октомври (четврток), со почеток во 10 ч, во хотелот „Холидеј ин“.
Мажите под лупата: дали навистина нè разбираат?
Во улогата на модераторка, Татјана Пуленџовска ќе го отвори разговорот со прашањето кое низ вековите останува мистерија:
Господа, што сакаат жените?“

Панелисти:
Стефан Николовски, актер
Иван Јованов, пејач
Бобанчо Илиоски, кик-боксер

Антонио Ташковски, актер

Панелот „Што сакаат жените – одговори даваат мажите!“ никогаш не губи на актуелност – напротив, секој нов разговор открива дека љубовта, разликите и разбирањето меѓу половите се приказна без крај.
Фото: приватна архива