Повторно заедно: Бред Пит и Анџелина Џоли се смирија и уживаат со семејството! (ФОТО)

Погледнете!

Приказните за „Бранџелина“ никогаш не стануваат здодевни

Нивниот развод и договор за старателството над шесте деца, сè уште се во фокусот на јавноста, па вест на неделата е тоа дека поранешниот брачен пар поминал некое време заедно. Како што откриваат изворите за Entertainment Weekly, поранешниот сопружници се обидуваат на децата да им дадат здрава родителска поддршка.

„Бред и Анџелина поминаа многу долг пат и конечно стигнаа до местото каде што и двајцата сакаат заедно да учествуваат во воспитувањето и одгледувањето на своите деца“, рекол изворот и додал дека парот не планира да се смири и дека секоја нивна меѓусебна комуникација се однесува на потребите и иднината на нивните деца.

„Одлучија да живеат блиску еден до друг за и двајцата да можат да им бидат на располагање на децата. Заедничкото време што Бред и Анџелина го поминаа во нејзината куќа, не се случува првпат“, открил изворот.

Додал дека поранешните сопружници сега се во многу подобри односи.

„И двајцата сакаат нивните деца да бидат здрави и среќни и да имаат поддршка од двата родитела. Помина доволно време и раните зараснаа малку, па конечно стигнаа до местото кога можат да ја вршат својата родителска задача на потполно здрав начин“, заклучил изворот.

До овонеделното дружење на поранешниот пар, според магазинот Marie Claire, дошло по интервјуто на Анџелина за „Вог“ Индија, во кое по четири долги години конечно ги објаснила причините за поднесувањето документи за развод од Бред Пит.

„Се разведов за доброто на моето семејство. Тоа беше правилната одлука, а продолжувам да се фокусирам на нив. Некои одлучија да го искористат мојот молк, а децата гледаат и ги читаат лагите што се пишуваат за нив во медиумите. Но се обидувам постојано да ги потсетувам дека само тие знаат која е вистината“, признала Анџелина Џоли и своите деца ги опишала како шестмина многу храбри и силни млади луѓе.

Бред Пит уловен додека излегувал од домот на Анџелина Џоли – Нова шанса на љубовта?
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време