Потресна снимка од роденденот на Брус Вилис: Актерот едвај стои, а се гледа дека го загубил предниот заб (ВИДЕО)

Поранешната и сегашната сопруга ѝ се обратија на јавноста!

Поранешната сопруга на Брус Вилис, актерката Деми Мур, на Твитер објави видео од роденденската забава на актерот, со која загрижи дел од обожавателите на Брус.

Обожавателите забележале дека Брус во секој момент може да падне и дека едвај стои, со што се гледаат знаците на тешката болест со која се бори. Дел од нив забележале и дека му недостасува преден заб.

Погледнете:

Да потсетиме, на популарниот актер му беше дијагностицирана деменција и болеста многу брзо напредува.

Во животот едноставно мораме да ги прифатиме работите. Сепак, понекогаш сум тажна со денови. Така се чувствувам и денес, на неговиот роденден. Почнав да монтирам видео од неговите снимки и, не знам зошто, но тоа ми го крши срцето. Го правам за вас, знам колку го сакате мојот сопруг. Ви благодарам – им порача сегашната сопруга на славниот актер Ема Хеминг на неговите обожаватели.

 


Фото: Твитер

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.