Последен поздрав: Исидора Бјелица испратена на вечното почивалиште (ВИДЕО)

Писателката Исидора Бјелица беше испратена во вечниот дом денес во Алеата на заслужни граѓани, во Белград. Ковчегот во капелата беше целосно покриени со цвеќиња, а на крстот стоеше бела шапка. Таа глетка ги расплака и највоздржаните. По кремирањето, сите се собраа околу синот на Исидора, Лав, кој не престана да плаче за својата мајка.

Лав Пајкиќ, постариот син на Исидора Бјелица

 

Децата на Исидора, синот Лав и ќерката Вила, како и сопругот Небојша, не можеа да ги задржат солзите за време на последното збогум за писателката.

Небојша Пајкиќ, сопруг на писателката

Родителите на Исидора, таткото Добривоје и мајката Невенка не можеа да ги сокријат солзите поради загубата на единственото дете. На влезот на гробиштата, мајката на Исидора купила цвеќе, а потоа рекла:

 

 

Како се чувствувам, како може да се чувствува мајка кога ќе го загуби своето дете“.

Добривоје и Невенка Бјелица

 

Последниот ден отидов кај Исидора и ѝ однесов книги. Кога ме пуштија да ја видам, таа спиеше, а медицинската сестра ја повика: „Иси, татко ти дојде и донесе нови книги за да ги видиш“. Тогаш ѝ реков на сестрата дека ако умре сега, ќе скокнам од третиот кат“, Димитрије раскажа како изгледала неговата последна средба со ќерка си.

Во центарот „Сава“ се одржа комеморација во чест на покојната писателка, по која присутните се упатија кон Новите гробишта, каде што беше погребана.

https://www.youtube.com/watch?v=1mXgUt-56OU&feature=emb_logo

На кремирањето, покрај членови на семејството, присуствувале и многу пријатели, но и голем број на познати личности, како пејачката Цеца, Зорана, Рада Манојловиќ и многу други личности од јавниот живот во Србија.

Покрај фотографијата на Исидора, која е во средина, има и куфери на Луј Витон кои ги сакала Бјелица. Таа честопати во јавноста истакнуваше дека овој француски бренд е еден од нејзините омилени, а во нејзината книга посветена на Луј Витон, го напиша следново:

Секое патување започнува со пакување на куферот, а патувањето е освојување на среќа. Да се ​​има идеална патна торба значи да се зграпчи секое парче среќа што ти припаѓа и да се чува за себе. Колку повеќе патував, толку помал ми стануваше куферот! Ми требаа се’ помалку и помалку работи. Тоа е како во обичниот живот, кој исто така е патување. Има неколку работи што секогаш ги носам: неколку шапки, затоа што ги отвораат сите врати, машината за пишување, маска за спиење, подарок за странците кои ќе ги сретнам по патот, минимална облека и лекови, малку бела жалфија за чистење на просторот – но не се потресувам дури и да заборавам нешто затоа што тоа би било и фетишистичка приврзаност“, изјави славната Исидора Бјелица во едно свое интервју.

Нека ѝ е вечна слава и нека почива во мир!

https://www.youtube.com/watch?v=hpGaBj6bm70&feature=emb_logo

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.