Последен ден со кралски титули: Хари и Меган се збогуваа со своите фанови на Инстаграм

Го деактивираат инстаграм-профилот

„Во овој момент кога светот е исклучително ранлив, најважно е здравјето и благосостојбата на секого во светот“, порачал парот

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган се збогувале со 11-те милиони следбеници на инстаграм-профилот Sussexroyal со порака во која зборуваат за проблемите во светот поради пандемијата на коронавирус, ден пред нивното официјално повлекување од позициите на виши членови на кралското семејство.

Во овој момент кога светот е исклучително ранлив, најважно е здравјето и благосостојбата на секого во светот и пронаоѓањето решенија за бројните проблеми предизвикани од пандемијата, напишале тие во пораката.

https://www.instagram.com/p/B-XTsETJsU0/?utm_source=ig_embed

„Веќе нема да не’ гледате тука, но работата продолжува“, напишал парот кој сака да најде начини како подобро да придонесе за соочувањето со проблемите што претстојат.

Навеле дека набрзо повторно ќе стапат во контакт со своите следбеници од друг профил, но не навеле детали.

Според договорот со кралицата Елизабета Втора, тие од 31 март повеќе не можат да ги користат титулите за кралско височество, ниту официјално да ја претставуваат кралицата. Тие, затоа, ќе можат да заработуваат сами за живот и ќе бидат далеку од очите на медиумите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.