По Ибица, на ред е Азурниот брег: Арогантноста и неверојатната дволичност на Меган Маркл и принц Хари!

На луксузот му нема крај

Прочитајте како Меган и Хари го поминале одморот

Меган Маркл и принц Хари дефинитивно знаат да уживаат, но колку и да ги сакаат, Британците биле шокирани од арогантноста и безмилосното трошење на парите од даночните обврзници за личен луксуз.

Имено, на почетокот од август парот отпатувал на Ибица, каде што поминале една недела во најскапото летувалиште каде што престојуваат најпознатите личности, како Дејвид Гета и Пол Мекартни.

За една недела одморање во вила на морски брег издвоиле 120.000 фунти (131 илјади евра). Во Шпанија стигнале со приватен авион, чие изнајмување чини околу 20.000 фунти.

По Ибица, парот отпатувал на Азурниот брег, а папараците ги фотографирале кога слетале во Ница.

https://www.instagram.com/p/B1SD4qrncpz/?utm_source=ig_embed

На фотографиите се гледа војвотката Меган со синот Арчи во раце, а јавноста коментира само едно нешто: повторно приватен авион, повторно 20.000 фунти за него, иако од Лондон до Франција летаат десетици комерцијални летови дневно.

Покрај за луксузното и арогантно летување, јавноста му замерува на кралскиот пар најмногу поради лицемерноста.

Имено, и двајцата се претставуваат како љубители на природата и ја истакнуваат својата загриженост за состојбата на животната средина, а цело време летаат со приватен авион кој е два пати поголем загадувач во споредба со регуларниот патнички авион.

Покрај тоа што во август два пати летале со приватен авион, кон крајот на јули исто така го искористиле за да скокнат до Сицилија на викенд.

ФОТО: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.