Поранешниот партнер на Кортни Кардашијан запловил во врска со 18 години помлада девојка: Ова е новата љубов на Скот Дисик!

Нова љубов

Откако ставил точка на врската со манекенката, Скот Дисик нашол нова љубов

Скот Дисик (37) поранешниот партнер на ѕвездата од реалното шоу, Кортни Кардашијан (41), започнал врска со 18 години помладата Амелија Хамлин (19), пренесуваат странските медиуми.

Тој заполовил во врска со новата девојка по раскинувањето на врската со 22-годишната манекенка Софија Ричи.

Изгледа дека нивната врска е сѐ посериозна, со оглед на тоа што парот неодамна бил фотографиран како разгледува куќа во Мајами, која Дисик планира да ја купи. Тој често поминува време таму, а со оглед на тоа што неговите три деца што ги има со Кортни Кардашијан живеат со мајка им во Лос Анџелес, постои мала веројатност дека ќе се преселат во Мајами.

Амелија е ќерка на актерскиот пар Лиза Рина (57) и Хари Хамлин (69), кои не биле воодушевени кога дознале за врската на нивната млада наследничка и ѕвездата од реалното шоу Keeping Up with the Kardashians.

Извор близок на семејството открил дека Лиза и Хари на почетокот биле скептични поради изборот на Амелија да се впушти во врска со 18 години постариот Дисик, но набрзо се помириле со тоа, гледајќи колку е среќна Амелија.

Шпекулациите за врската на Скот Дисик и Амелија почнале во ноември минатата година, кога биле видени заедно на една прослава, а веста ја потврдиле на Денот на вљубените.

Иако многумина се сомневаат во сериозноста на нивната врска, особено поради големата разлика во годините, Дисик очигледно има сериозни намери со младата убавица.

10 раскинувања на славните ѕвезди што ја обележија 2020 година: Пукаа врски, веридби и бракови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.