Поради оваа изјава на Моника Белучи многумина мислат дека го нема преболено Венсан Кастел

Ни по седум години од разводот...

Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот, но изгледа дека и покрај славата, моќта и парите, сепак и таа има проблеми во емотивниот живот.

На сетот на филмот „Апартман“, актерката се запозна со Венсан Касел, со кого глумеше, а по неколку години се венчаа. Додека беа во брак, Венсан и Моника живееја во одделни станови, наводно за да не си станат навика едни на други. И покрај тоа, тие се разведоа во 2013 година.

Разведена од Венсан по тринаесет години брак, Моника сфати дека не знае што ќе прави сама, но исто така истакна дека љубовта не знае за развод и дека тие можеби еден ден ќе се сретнат и ќе се смират, а многумина заклучиле дека таа никогаш не го преболела.

Славниот актер сега ужива со 30-годишната манекенка Тина Кунаки, а неодамна добија и дете.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.