Актерот, кому му беше дијагностицирана Паркинсонова болест пред речиси три децении, во својата нова книга „Нема време како иднината“ пишува за токму тоа прашање.

Фокс неодамна имал дополнителни здравствени проблеми, а во 2018 година хируршки му бил изваден бениген тумор од ‘рбетот.

Неможноста да се запаметат и повторат напишаните зборови е последниот проблем со кој се соочив“, напиша Фокс. „Има време за сè. Не можам повеќе да работам 12 часа на ден и да паметам седум страници дијалог. Барем така е сега.“

Фокс се стекна со слава глумејќи во серијата „Семејни врски“, и стана планетарно популарен кога го играше Марти Мекфлај во трилогијата „Враќање во иднината“. Публиката добро го познава и од серијата „Спин Сити“.

Иако Фокс пишува дека ќе забави, тоа не значи дека неговата кариера е завршена.

Од почит кон продуцентите, режисерите, уредниците, сценаристите и актерите кои сакаат да работат малку побрзо, се повлекувам вторпат. Тоа може да се промени затоа што сè се менува. Но, ако ова е крајот на мојата актерска кариера, тогаш нека биде така“, напиша Фокс во книгата.

Фото: Getty Images