Популарниот актер се ожени со речиси 40 години помлада девојка (ФОТО)

Претеризам

Бившиот сопруг на Мег Рајан, актерот Денис Квејд (66) и Лаура Савои (27) се венчаа во тајност, а двајцата истакнале дека нивната венчавка била совршена.

Магазинот „Пипл“ пренесува дека двојката ги разменила венчалните завети во Санта Барбара, а церемонијата била одржана во вила покрај океан.

Првичниот план бил да одат со пријателите на Хаваи и да се венчаат во опуштена атмосфера, но на крајот судбоносното „да“ го изговорија пред своите кумови.

Беше најубавата невеста на светот“, изјавил Квејд за својата нова сопруга.

Актерот и неговата сопруга пред венчавката биле во врска само неколку месеци, а многумина се згрозиле поради оргомната разлика во годините помеѓу нив, која изнесува 39 години.

Тие никогаш не се огласиле по повод негативните коментари.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.