Популарниот актер обвинет за злоставување: Ги принудувал студентките да се соблекуваат?!

Скандал!

Две жени поднеле граѓанска тужба против голивудскиот актер Џејмс Франко, во која тврдатдека тој води лажна школа за глума во која младите жени, студентки, со амбиција да напредуваат во актерската кариера ги заведува и ги тера да снимаат експлицитни сцени.

Тужбата против 41-годишниот актер номиниран за „оскар“ е поднесена во Вишиот суд во Лос Анџелес, а Џејмс Франко го обвинуваат дека користел и злоставувал амбициозни млади надежи.

Како стои во тужбата, актерките Сара Титер-Каплан и Тони Гаал изјавиле дека во 2014 година се запишале во школата на Франко во која, наводно, трпеле злоставување и понижување.

Имено, тие тврдат дека Франко со уште двајца мажи што работат во неговата продукциска компанија ги дискриминирал, вознемирувал и ги мамел младите жени. И тоа не е се’. Младите студенти плаќале дури 750 долари за да се запишат во школата во која се застапени интимни сцени, па на аудицијата доаѓале голи или разголени, се наведува во тужбата.

Можноста за ангажирање станувале поголема доколку жените се согласеле на интимни сцени, често во сцени на оргаии, стои во тужбата. По завршувањето на школата, на Сара Титер-Каплан и’ била понудена улога во проект во кој Франко се појавува во сцена на оргии со жени.

Како што наведува таа, тој ги отстранил пластичните штитници за време на снимањето на сцената, кои служат за покривање на половите органи, симулирајќи орален секс. Младите актерки бараат парична отштета.

Од друга страна, адвокарите на актерот тврдат дека ништо не е точно од наведеното.

Џејмс не само што ќе негира, туку ќе бара и отштета од тужителите и нивните адвокати за поднесувањето на овие обвинувања“, вели Мајкл Плонскер, адвокат на актерот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.