Популарната пејачка Сиа откри дека боледува од сериозна болест: „Страдам од хронична болка“

Обожавателите се шокирани од нејзиниот твит

Австралиската пејачка Сиа Фурлер, која е досега номинирана за девет греми-награди,отсекогаш беше отворена за своите здравствени проблеми. Дијагностицирана и’ е Грејвс-Базедовлева болест (автоимуно заболување во чија основа се наоѓа специфично нарушување на тироидната жлезда), а имаше и проблеми со алкохол, наркотици и депресијата, што ја доведе до обид за самоубиство. Во јавноста носи перика за да ја заштити својата приватност.

 

 

View this post on Instagram

 

Sia in New York (August 2008) 📸 She looks so nice ✨ . . . . #siamusic #sia #siafurler #2008

A post shared by Sia Addicted | Sia fan account (@siaaddicted) on

Сиа ги шокира своите следбеници на Твитер со најновата објава:

Страдам од хронична болка, невролошко заболување. Елерс-Данлос синдромот и јас сакавме да им кажеме на оние што страдаат од емотивна или физичка болка дека ве сакаме. Продолжете да се борите. Животот е е*ано тежок. Болката деморализира, но не сте сами“, напиша Сиа.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.