Непријатно изненадување ја дочека Светлана Цеца Ражнатовиќ по враќањето од Шпанија. Пејачката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа дека нејзината вила на Дедиње е зафатена од поплава.
На снимката се забележува дека дворот е под вода, додека силен млаз вода избива од имотот кон улицата, што укажува на дефект во водоводната инсталација или пукање на цевка.
Видеото брзо привлече внимание на социјалните мрежи, а бројни следбеници ѝ испратија пораки со поддршка и надеж дека штетата ќе биде што поскоро санирана.
Поплавата ја затекнала Цеца веднаш по враќањето од Шпанија, каде што престојувала кај својата ќерка Анастасија Гудељ, која со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ, живее во Севилја.
Ова не е првпат вилата на пејачката на Дедиње да биде во центарот на вниманието на јавноста. Имотот и претходно бил тема на медиумските извештаи, а овој пат причината е неочекуваната поплава што ја затекнала по враќањето дома.
Видео: Инстаграм