Помлади девојки се лепат за овој музичар како луди: Во седмата деценија се обидува да го задржи имиџот на ЗГОДЕН ФРАЕР

Годините го газат

На славниот музичар Мајкл Балзари во седмата деценија му приоѓаат двојно помлади девојки, додека тој ужива на плажа

Басистот на познатата рок-група Red Hot Chilli Peppers, бил фотографиран на плажа во Сиднеј, во друштво на многу помлади девојки. Фли, чие вистинско име е Мајкл Балзари, има 60 години, но и покрај тоа, девојките постојано му приоѓаат.

Се чини дека музичарот непланирано дошол на капење, со оглед на тоа што не понел костим за капење, туку се шетал на плажа во обични гаќи. Фил ги покажал бројните тетоважи, виолетовата фризура, а носел и златно синџирче.

Невозможно е да не се забележат необичните заби на Фил, големото растојание меѓу забите прават да изгледа морничаво, додека од страна му блескаат златните катници. Згодните девојки уживале во неговото друштво, а многумина коментирале дека музичарот глуми фраер во седмата деценија, исто како и Венсан Касел, кого го критикуваат поради тоа што сака да го одржи имиџот на фраер.

Познато е дека музичарот сака помлади жени, а пред неколку години се оженил со долгогодишната девојка Мелоди Есани, која е 18 години помлада од него.

„Мојот живот засекогаш се промени и засекогаш ќе бидам понизен и благодарен. Ова е личноста што ме гледа и ме сака токму таков каков што сум и која најдобро знае кој сум. Мојата сопруга“, споделил тогаш музичарот на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Flea (@flea333)


Мелоди исто така имала само пофални зборови за својот сопруг, го нарекла свој најдобар пријател и љубов на нејзиниот живот.

Ова му е втор брак на басистот на Red Hot Chili Peppers. Имено, Фли од првиот брак има ќерка Клара, а со поранешната свршеница Френки Рејдер ја добил ќерката Сани Бибоп. Од 1988 до 1990 година бил во брак со Лоес Зевиар.

Фли е роден во Мелбурн, но се преселил во Њујорк на 4-годишна возраст, откако татко му Мик Балзари прифатил работа таму. Останал во Америка дури и откако родителите му се развеле, а татко му се вратил во Австралија.

Поседува имот на плажа вреден 3 милиони долари во Мојра, на јужниот брег во Јужен Велс. Фли го купил имотот во 1994 година и неговиот бенд Red Hot Chili Peppers го искористил за да напише некои од своите најпродавани песни. Оваа двокатна куќа со пет спални соби е само неколку минути оддалечена од плажата во Конго и е ставена на аукција по цена од 3 милиони долари.

Венсан Касел (55) сед, слаб и љубоморен: Дури сега се гледа големата разлика во годините меѓу него и сопругата (24)!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.