Поминала 30 години со истиот човек, па докторот ѝ соопштил дека има полова болест: Шокантна приказна

По 30 години брак, дознала дека сопругот ја изневерува

Сопругот ја изневерил со маж, ѝ пренел ХПВ вирус, па животот ѝ се претворил во ноќен кошмар

Една учителка и мајка на четири деца дознала дека мажот, со кого 30 години била во брак, ја изневерувал со друг маж. Тестовите покажале дека ѝ пренел ХПВ вирус, кој брзо напредувал до рак на гениталната регија. Под знак прашалник е дали би ја открила дијагнозата на време ако не дознала за прељубата.

Веднаш отишла на клиника да се тестира за полово преносливи инфекции и почувствувала олеснување кога дознала дека тестот за сифилис, гонореја и ХИВ е негативен.

Но по неколку години, при рутински ПАП-тест, открила дека има хуман папилома вирус (ХПВ), полово пренослива инфекција која не се открива со основни прегледи за полово преносливи болести. Вирусот ја довел до висок ризик од рак на грлото на матката, анусот, вулвата, вагината и грлото.

Тешка борба со опасната болест

На Ејлин Фокс ѝ бил дијагностициран рак на вулвата во февруари 2019 година, набрзо потоа и рак на грлото на матката, а во 2023 година ѝ дијагностицирале и анален рак.

Исто така, дознала дека ХПВ и веројатно нејзините подоцнежни карциноми, можеле да се спречат со ХПВ-вакцина, која штити од типовите на ХПВ кои ги предизвикуваат повеќето карциноми поврзани со оваа болест.

Но Ејлин, која денес е едукаторка, рекла дека не размислувала да прими вакцина, бидејќи веќе била во брак и имала деца кога вакцината се појавила на пазарот во 2006 година.

По дијагнозата, Фокс имала хистеректомија и сè уште редовно прима терапии за лекување рак. Отстранет ѝ е поголемиот дел од вулвата и редовно прави болни ласерски третмани и процедури за да се отстрани преостанатата кожа на вулвата и аналниот канал и да се согорат потенцијално канцерогените клетки.

Таа сега се залага за подигнување на свеста за овој вирус. Се надева дека со споделувањето на својата приказна ќе придонесе да не им се случи на други она што ѝ се случило нејзе.

„Кога им кажувам на луѓето дека имам анален рак, велам: ‘Така е како што е’“, рекла Фокс во интервју за медиумите.

„Ајде да зборуваме за вулвата, анусот и грлото на матката. Ајде да ја урнеме стигмата за оваа болест. Ако ова може да ѝ се случи на жена која била 30 години во брак, може да му се случи секому. Јас сум мајка на четири деца, живеам нормално и сум општествено одговорен граѓанин, а потоа одеднаш станувам жртва на овој злобен, злобен вирус.“

Додала дека имала голема поддршка од семејството и пријателите откако ја добила дијагнозата, што многу ѝ значело во борбата со опасната болест.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе