Помалку совршена, повеќе вистинска: откријте ја убавината на автентичноста на Профемина 2025

Кои сме навистина кога ќе ги тргнеме сите маски, филтри и улоги што секојдневието ни ги наметнува? Колку сме верни на себе – во одлуките, во изгледот, во животот што го живееме? Што значи да бидеш автентичен и колку е храбро да си свој во свет кој нè охрабрува да глумиме?

На Профемина 2025, панелот „Помалку совршена, повеќе вистинска“ ќе понуди искрен разговор за автентичноста, за убавината на несовршеноста и за мирот што доаѓа кога живееме во хармонија со сопствената суштина.

На панелот ќе учествуваат:

  • Цеце Николова – ТВ-водителка, чija енергија, спонтаност и искреност нè потсетуваат дека најубаво е кога си своја и кога уживаш во сопствената вистинитост.

  • Весна Алексовска – глобален застапник на пациентите, основач на здружението „Живот со предизвици“, НЛП мастер практичар и тренер, жена што ја менува здравствената реалност со хуманост, знаење и непоколеблива волја.

  • Ирина Атанаскова – тату-артистка со став и креативна слобода; кожата за неа е платно на кое се испишуваат личните приказни, идентитети и храбрости.

  • Сандра Атанацковиќ Ѓурѓевdm дрогерие маркт, сектор маркетинг и комуникација, претставничка на брендот кој со години ја негува автентичната женственост и ја слави природната убавина на секоја жена.

Автентичноста се смета за основно обележје на психолошкото здравје и зрелоста. Да си свој не значи само да се покажеш каков си, туку да живееш во согласност со своите вистински вредности, чувства и уверувања – дури и кога тоа не е најлесниот или најпопуларниот избор.

Модераторка на панелот е Јована Стојменовиќ, уредничка на „Убавина и здравје“, која верува дека вистинската сила е во автентичноста.

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

📅 Профемина 2025 – 23 октомври (четврток), „Холидеј Ин“, од 09:30 до 17:30 часот
📩 Регистрирај се на: [email protected] или на инстаграм-профилот @ubavinaizdravje.mk осигури го своето бесплатно место.

Панелот „Помалку совршена, повеќе вистинска“ е инспирација за сите кои сакаат да ја откријат убавината во вистинитоста и да ја прослават храброста да бидат свои.

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе