Покојната Дијана беше „принцеза на луѓето“, а нејзината снаа Кејт Мидлтон е „принцеза на децата“
Се закити со нов прекар
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон во последно време работи со полна пареа, а најмногу им е посветена на детските организации и најдобро ѝ одат задачите кои вклучуваат дружење со децата. Токму затоа обожавателите на британското кралско семејство ѝ го дале прекарот „Принцеза на децата“ (Children’s Princess).
Овој прекар многумина ги потсети на овој што го носеше нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана, која беше „Принцеза на луѓето“ (People’s Princess), пред се’ поради големата посветеност на работата со обичниот народ и комуникацијата со луѓето.
Фото: Инстаграм