Погодете чија ќерка е ова: Нејзините родители имале бурна романса една вечер, на скали од познат ресторан!

Нема да ви се верува

Девет месеци подоцна се родила Ана Ермакова

Ана Ермакова има 21 година и позната е како дете на љубовта помеѓу Борис Бекер и манекенката Агела Ермакова. Имено, Борис и Агела имале авантура за една вечер во луксузниот ресторан Ноби во 1999 година.

Иако на почетокот се тврдело дека двојката водела љубов во плакарот за метли на популарниот ресторан, Борис подоцна изјавил дека тоа се случило на скалите. Публицитетот како резултат на оваа авантура придонел за распадот на првиот на Бекер со германската убавица Барбара Фелтус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Ermakova ✨ (@annaermakova1)


Борис Бекер има две деца од бракот од Барбара, Ноа (27) и Елијас (21), како и Ана. Исто така, има 11-годишен син Амадеус од последниот брак со поранешната сопруга Лили, со која се оженил во 2009 година, а се развел во 2018 година.

Борис добил заедничко старателство над Ана со мајка ѝ, по битката во 2007 година, но сега вели дека сè е во ред помеѓу нив двајца.

Спортистот во 2015 година ѝ ја открил на јавноста приказната за Ана и мајка ѝ во својата автобиографија, откривајќи дека сè уште се кае поради таа ситуација, бидејќи тоа му го уништило бракот и ѝ го отежнало животот на ќерка му.

Тој напишал:

„Бев засрамен и многу тажен поради начинот на кој се случи сето тоа, како и поради начинот на кој го уништи моето семејство. Мајка ѝ на Ана и јас моравме да продолжиме да бидеме родители, без никаков меѓусебен однос на којшто би можеле да се потпреме.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Ermakova ✨ (@annaermakova1)


Тој додал:

„Сега сум во добри односи со неа и мајка ѝ и сè повеќе личиме на семејство. Не се гледам со Ана онолку колку што би сакал, но заедно со мајка ѝ работиме на тоа да изградиме што понормални односи, што не беше лесно со оглед на нашите лоши почетоци.“

Ана денес е возрасна и самостојна жена. Се занимава со моделство и е во среќна врска. А сите велат дека многу личи на својот славен татко, поранешниот тенисер Борис Бекер.

Полудел по неа штом ја здогледал и ја раскинал свршувачката: Вака почнала најубавата холивудска романса!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.