Погледнете кои се некои од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Fitness категоријата
Кои девојки и момци ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи и кои ќе се појават на насловната страница на „Убавина и здравје“, одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито. Поддржете ги вашите омилени инфлуенсери сега!
Магазинот „Убавина и здравје“ повторно организира конкурс за највлијателни момци и девојки на социјалните медиуми.
Главен покровител на конкурсот е „Виолета“, а гласањето на публиката ќе започне на 15. декември и ќе трае 3 дена. Кои ќе бидат победниците одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ова се дел од учесниците во Fitness&Health категоријата, чиј покровител е „Виталиа“.
Елена Бубало
Таа повеќе од 10 години е групен и персонален фитнес тренер, а моментално работи на својата програма наречена „Total body workout by Bubalo“. Елена е тренер и партнер на клубот „Ultimate Fit Alebras“ заедно со својот сопруг Атанас кој е кросфит тренер. Таа е мајка на две деца, дипломиран хемичар, а има специјализирано за тренер при ДИФ Белград. Секојдневно на својот Инстаграм профил им помага на многумина да имаат поубав, рекреативно активен и енергичен ден споделувајќи совети околу вежбањето и здравата исхрана.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Рената Младеновска
Рената има 25 години и поголемиот дел од својот живот се занимава со спорт, а веќе 4 години е фитнес инструктор. На нејзиниот Инстаграм профил можете да најдете идеја за вашиот следен тренинг. Можете да извлечете многу поучни информации поврзани со вежбањето со сопствена тежина или со додатни реквизити, како правилно да ги изведувате и комбинирате вежбите, како вежбањето да ви биде забавно, а не монотоно и досадно.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Лејла Рамковска
Своите почетоци на Инстаграм ги бележи пред околу 7 години, а сега е добропозната јога инструкторка чиј профил е исполнет со совети, фотографии и видеа кои ќе ве инспирираат да ги испробате и оние јога-пози кои ви се чинеле невозможни. Основна порака која сака да ја испрати е дека сите можеме да најдеме сила во себе за трансформирање на лошото во своја корист, да излеземе од тешки ситуации во животот како подобра верзија од себе.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.