Погледнете како помина јубилејниот концерт на „Бајага и инструктори“ во Скопје!

Незаборавно!

Ова е првиот концерт на „Бајага“ по пандемијата

Во неделата на 13 септември, стадионот на АРМ во Скопје ечеше од најголемите хитови на „Бајага и инструктори“ по повод нивниот 35-годишен јубилеј. Славеничкиот концерт, во организација на „Авалон“, се одржа во придружба на оркестар и хор, што уште повеќе придонесе за незаборавната атмосфера на овој музички настан.

Инаку, ова беше првиот концерт на групата по почетокот на пандемијата и сите протоколи за одржување јавни настани беа испочитувани: публиката на концертот беше редуцирана, а носењето маски беше задолжително.

 

Под диригентската палка на маестро Војкан Борисављевиќ, 22 од најголемите хитови на „Бајага и инструктори“, како „Буѓење раног пролеќа“, „Зажмури“, „Руски воз“ и други, добија сосема нов аранжман што на публиката и’ обезбеди неповторливо искуство.

Ви пренесуваме дел од атмосферата преку следниве фотографии…

 

ФОТО: Горан Десковски

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.