Подобар онлајн: Панел-дискусија на Профемина 2025 посветен на безбедност, психолошка заштита и дигитална култура

Искрен разговор за предизвиците и можностите на дигиталниот свет.

Во ерата на дигиталната трансформација, онлајн-просторот е повеќе од платформа за комуникација – тој е простор каде што се гради знаење, се развиваат кариера и социјални врски, но и каде што можеме да се соочиме со ризици и предизвици.

Панел-дискусијата „Подобар онлајн“, која ќе се одржи на 23 октомври (четврток) од 13:10 до 13:50 часот, ќе отвори искрен разговор за тоа како да создадеме побезбеден, продуктивен и психолошки здрав дигитален свет.

Настанот е под покровителство на А1, а модераторка ќе биде Наташа Бошковска.

Панелистите, кои ќе споделат стручно знаење и практични совети, се:

  • Биљана Пејоска Ристеска, проектен координатор во Центарот за побезбеден интернет при Министерството за дигитална трансформација

 

  • Ана Колева, бизнис-менторка и тренер за развој на лидерство и продажни тимови, која лично искусила онлајн насилство

  • Ана Анчевска, од Секторот за компјутерски криминал, МВР

  • Гордана Блажевска Спиридонова, психолог во СУГС „Гимназија Никола Карев“

Зошто да присуствувате

„Подобар онлајн“ е панел за секој што сака да:

  • Ги разбере дигиталните ризици и предизвици

  • Научи како да се движи онлајн безбедно и психолошки заштитено

  • Дознае стратегии за градење на доверба и емпатија во виртуелниот свет

📅 Профемина 2025 – 23 октомври (четврток), „Холидеј Ин“, од 09:30 до 17:30 часот
📩 Регистрирај се на: [email protected] или на инстаграм-профилот @ubavinaizdravje.mk осигури го своето бесплатно место.

Во свет каде што онлајн-просторот станува дел од секојдневниот живот, оваа дискусија е клучна за сите граѓани кои сакаат безбедност, продуктивност и ментално здравје онлајн.

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе