„Почнав да врескам од плачење 12 минути пред земјотресот“: Бебето Игор можеби ја спаси цела фамилија, по толку години откри Џамбазов

Неверојатна животна приказна од 1963

Актерот раскажа емотивна приказна од 1963 година – неколку минути пред разорниот земјотрес неговото плачење ги разбудило родителите.

Игор Џамбазов во неодамнешно интервју раскажа необична и емотивна приказна поврзана со катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година. Актерот откри дека бил роден само неколку дена пред трагедијата, а неговото плачење можеби им помогнало на неговите родители навреме да се разбудат.

Земјотресот беше во 5 часот и 17 минути, а во 5 часот и 5 минути јас сум почнал да врескам од плачење“, раскажа Џамбазов.

Неговите млади родители, со бебето во раце, станале да го нахранат и така го дочекале силниот потрес.

Откако излегле од куќата со него во раце, само неколку минути подоцна следел уште еден силен удар. Тогаш, како што раскажува актерот, неговите родители ја гледале куќата полуразрушена додека го држеле своето новородено дете.

Со насмевка, но и со голема емоција, Џамбазов често вели дека токму тој ја „спасил“ целата фамилија.

Јас ја спасив цела фамилија Џамбазови“, се шегува тој, потсетувајќи на еден од најтешките моменти во историјата на Скопје.

printskrin youtube – MARIO ARANGELOVSKI

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе