Почина Драган Вучиќ – Од компликации од коронавирусoт

Синот Мартин со солзи во очите ја потврди веста

Утринава почина водителот Драган Вучиќ, а за „Убавина и здравје“ веста ја потврди неговиот син, Мартин Вучиќ.

Со солзи во очите, пејачот ја потврди веста за загубата.

Драган се лекувал на Инфективната клиника во Скопје. Извори од болницата велат дека имал компликации од коронавирусот. Подолго време бил дијабетичар.

Во текот на денот очекувајте дополнителни детали поврзани со причините за смртта.

Почивај во мир, голем човеку!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.