По скандалот со Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ ги загуби и нив

Му го завртеа грбот

Тајните на Лука Лазукиќ ги знаеја мал број луѓе, негови блиски пријатели на кои тој им се доверуваше. Или барем тие мислеа дека ги знаат. По скандалозниот развод со првата сопруга Александра, со која има ќерка, до неговите пријатели почнале да пристигнуваат приказни за неговото лошо однесување. Меѓутоа, пријатели како пријатели, верувале во она то им го доверувал тој. Но по повторување на истата шема и со втората сопруга Наташа Беквалац, на лагите на Лука им дојде крајот.

Очигледно, Лука сите жени во својот живот се обидел да ги искористи. Тој од нив сакаше да земе се’, и тоа на начин на кој тие не ни можеле да замислат. Пријателите слушнаа разни приказни и по разводот со првата жена, но во нив не сакаа да поверуваат, сметајќи дека еден маж не е во состојба да направи такво нешто. Но сличната приказна се повтори и со втората жена, па сите останаа шокирани. Некои прекинаа секаков контакт со него, а некои едноставно се одалечија од него. Не сакаат да бидат дел од неговите лаги, и тоа јасно му го ставија до знаење. Никој не може да поверува што е во состојба да направи Лука, а ова што се случи со Наташа само им го потврди сомнежот“, вели извор кој е добро упатен во случајот.

Дека се служи со валкани трикови се потврди со тоа што го направи откако ја претепа пејачката Наташа Беквалац. Како да не му беше доволно тоа, па на секаков начин се обидувашеда ја остави без ништо. Со манипулативни ехники се обиде да дојде до нејзините недвижнини, автомобилот, парите, но и до старателството над нивната ќерка Катја.

Лука бараше Наташа да му препише половина од имотот во Ченеј и половина од станот во Белград, како и од сето преостанато што го има стекнато, а кое се проценува дека вреди 160.000 евра. Во срамната тужба ги наведе вложувањата за време на нивната брачна заедница, а на адвокатите им ги приложи и сметките што ги чувал од самиот старт, што беше шок за многумина. Тоа е страшно и токму тој потег сите ги остави без зборови“, заклучува изворот.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време